Заврши анкетата на Македонската радио телевизија преку која гледачите се прашуваа кој натпревар од 1. коло од европската фудаблска елита да го емитува.

Според резултатите на 15 септември од 21 часот, на МТВ пренос од дербито ЛИВЕРПУЛ-МИЛАН.

Распоредот на УЕФА во исто време стави да се играат два натпревара кои привлекуваат огромно внимание. Во среда, на 15 септември од 21:00 часот, меѓу другите, се играат и натпреварите Ливерпул – Милан и Интер – Реал Мадрид.

Во договор со ArenaSport нашата МРТ има право да врши пренос од еден натпревар од секое коло, со македонски коментар.