Повеќето Германци не би сакале Ангела Меркел повторно да биде канцелар, покажува истражувањето на јавното мислење.

Advertisements

Околу 70 отсто од испитаниците не сакаат враќање на конзервативниот политичар кој се повлече по минатогодишните избори, по 16 години како канцелар, покажа репрезентативното онлајн истражување спроведено од Институтот Civey за Funke Media Group.

Помалку од една четвртина – околу 23 проценти – би сакале да ја видат Меркел повторно на чело на најголемата европска економија, покажува истражувањето.

Сепак, околу 43 отсто од анкетираните рекле дека сметаат дека Меркел ги извршува своите должности подобро од актуелниот канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц, додека 41 отсто го мислат спротивното. Civey анкетираше вкупно 5.003 луѓе на 24 ноември.

Прикажи повеќе