Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за пожарите во малешевијата, за кои имавме помош од други земји.

Ангелов кажа дека граѓаните добиле погрешна слика дека Австријците го изгасиле пожарот, туку тоа го сториле сите, а таму имало многу други луѓе.

„Некако се добива погрешна слика за пожарите. Австријците точно многу помогнаа, јас не сум неблагодарен. Ќе го изгасевме и ние, но на потешкиот начин. Мислам ќе изгореше повеќе шума, изјави Ангелов.