Андреа Пирло е убеден дека ќе биде тренер на Јувентус и следната сезона.

Тој по финалниот натпревар во Купот на Италија и победата над Аталанта рече дека останува во клубот.

“Ќе останам во Јувентус. Тука сум со задача, го сакам фудбалот, но на крајот управата на клубот ќе одлучи. Би сакал да останам тренер. Играчите се целосно покрај мене. Јас сум за вљубен во овој клуб “, рече Пирло.

Сепак, неговата иднина во торинскиот клуб е доведена во прашање. Тутоспорт наведува дека управата на Јувентус сè уште размислува што ќе стори и дека одлуката ќе биде објавена веќе во понеделник.

Пирло би сакал да биде виден на клупата барем уште една сезона. Сепак, лошите игри во шампионатот и фактот дека Јуве може да остане без место во Лигата на шампионите, не одат во прилог на 42-годишниот тренер.

Можно е неговата работа да биде спасена со можен пласман во Лигата на шампионите. За тоа, на „бјанконерите“ им треба грешка на Наполи или Милан во последното коло од Серија А, а тоа може да ја одреди судбината на Пирло.

Неколку тренери веќе се во голема мерка поврзани со Јувентус. Најпознати имиња се Алегри и Зинедин Зидан, а тука се и Симоне Инзаги и Гатузо.

Навивачите на Старата дама би сакале да ги видат Алегри или Зидан на клупата на нивниот тим и се доста бесни што името на сегашниот тренер на Наполи и голем непријател Гатузо се поврзува со клубот воопшто.

Пирло го предводеше Јувентус на 51 натпревар оваа сезона. Оствари учинок од 33 победи, 10 нерешени и осум порази.

Покрај трофејот во Купот на Италија, тој го освои и трофејот во Суперкупот, па може да се пофали дека освоил и два трофеи во својата прва сезона како главен тренер.