Податоците од истражување на невладината организација „Аналитика“ сугерираат внимателност при интензивирање на економската соработка помеѓу земјите од Отворен Балкан. Анализата ја прави Тамара Миовиќ Спасова од организацијата „Аналитика“ во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат.

„Претежно Македонија и Албанија имаат високо учество на земјоделството и во нивните економии и во бруто домашниот производ. Нешто сосема различно имаме со Србија. Македонија и Албанија се нето увозници на храна, додека Србија е главен снабдувач на земјоделските производи. Тука е моментот каде што треба да се внимава при интензивирање на оваа економска соработка, да не дојде до истиснување или доминација на една од овие земји“, вели Миовиќ Спасова.

Прикажи повеќе