Американската агенција за безбедност во сообраќајот соопшти дека во 2020 година, поради пандемијата на коронавирус, биле регистрирани околу 500 милиони патници помалку на аеродромите низ САД отколку во 2019 година.

Во извештајот се наведува дека во текот на 2019 година, на американските аеродроми биле регистрирани околу 824 милиони патници, додека во 2020 година биле 324 милиони луѓе.