Алжирскиот премиер Абделазиз Џерад денеска поднесе оставка, отворајќи му ја вратата на претседателот Абделмаџид Тебуне да назначи нов кабинет.

Новата влада ќе мора да се соочи со големата финансиска и економска криза во земјата поради падот на цената на нафтата, пренесува државната телевизија.

Алжир од 2013 година досега потроши повеќе од четири петтини од своите девизни резерви.