Mакедонскиот фудбалски второлигаш, Охрид го претстави првото засилувње во зимскиот трансфер период и потпиша договор со искусниот Алтин Лога.

Се работи за играч со прволигашко искуство и со повеќе клубови во соседството, па сигурно е дека Лога ќе биде од голема помош за охридскиот тим. 33-годишниот фудбалер игра на повеќе позиции во нападот.

Во досегашната кариера има настапувано за екипите на Победа, Гостивар, Елбасан, Дуќанџик, Лачи, Фљамуртари, Воска и Караорман. По половина шампионат во ВМФЛ, Охрид е на шестата позиција на табелата со 26 бода, четири повеќе од Пелистер кој е последен во зоната за плеј-оф во елитата.

Прикажи повеќе