„Дека корупцијата не е фиктивен и анонимен поим, туку е конкретна именка и другото име ДУИ, овој пат се погрижи Министерството за животна средина и просторно планирање и Дирекцијата за животна средина, водени од кадри на ДУИ.

Всушност, по објавувањето на резултатите од проектите на ова министерство од Програмата за инвестиции во животната средина за 2021 година, станува јасно дека ДУИ добро се погрижил тие проекти да ги добијат нејзини претставници и активисти, во овој случај Хисен Џемаили, директор на Дирекцијата за животна средина, и неговиот син.

На овој начин уште еднаш се потврдува нашиот став дека оваа влада работи само за тесни клиентелистички интереси, некогаш за сметка на СДСМ, некогаш на ДУИ, во зависност од тоа кој раководи со соодветниот ресор.
Затоа, Алтернатива констатира дека Програмата за инвестиции во животната средина за 2021 година нема никаква врска со заштитата на животната средина и екологијата во земјата, туку само со збогатувањето на функционерите на ДУИ. Сето ова се случува кога оваа влада создаде ресор за борба против корупцијата, кој очигледно повеќе се занимава со евиденција на коруптивните афери или, можеби, со нивната мотивација отколку со нивното спречување.

Сепак, се надеваме дека трагикомедијата на оваа Влада ќе заврши што поскоро и со тоа граѓаните ќе се спасат од оваа противграѓанска влада“, стои во соопштението на Алтернатива.