САД го назначиле новиот амбасадор во Севернс Македонија, објавува порталот Алмакос.
Според овој портал, на местото на актуелната амбасадорка Кејт Мери Брнз, исто така доѓа амбасадорка.
Станува збор за Анџела Прајс Агилер, која е номинирана денеска од америчкиот претседател, Џо Бајден.
Одреден период од својата кариера таа веќе поминала во Скопје, каде работеше како службеничка за односи со јавноста во американската амбасада. Во нејзината биографија објавена од Белата куќа пишува дека од странски јазици зборува француски и македонски, како и малку хинди (официјалниот јазик во Индија).Таа дипломирала на Универзитетот во Јута.
Агелер работела како советник за односи со јавноста во амбасадата на САД во Париз, Франција, а била и на дипломатски задачи во американските амбасади во Буркина Фасо, Унгарија, Виетнам, како и во конзулатот во Ченај, Индија.
Таа работела и како заменик-помошник државен секретар за печат и јавна дипломатија во Бирото за печат и јавна дипломатија, портпаролка на Бирото за конзуларни прашања при Стејт департментот итн.
Таа дипломирала на Универзитетот во Јута,
Идната амбасадорка е мажена за високиот службеник за надворешни работи, Брајан Агелер.
https://almakos.com/shba-te-caktojne-ambasador-te-ri-ne-shkup-ja-kush-zevendeson-ambasadoren-aktuale-foto/