Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 2:0 во сетови (6:4, 6:4) и се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс.Противник на Алкараз во полуфиналето ќе биде италијанецот Јаник Синер, кој го елиминира домашниот тенисер Тејлор Фриц со 2:1 во сетови (6:4, 4:6, 6:4).
Најдобрата светска тенисерка, Ига Швјонтек од Полска, исто така лесно се пласираше во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс. Таа беше подобра од Романката Сорана Кирстеа со 2:0 во сетови (6:3, 6:2). Противничка на Швјонтек во полуфиналето ќе и биде Елена Рибакина, која по „маратон“ кој траеше два часа и 48 минути ја совлада чешката тенисерка Каролина Мухова со 2:1 во сетови (7:6, 2:6, 6:4).