Вториот тенисер во светот, Карлоз Алкараз се повлече од турнирот во мексиканскиот град Акапулко. Младиот 19-годишен шпанец нема да игра во Мексико поради повреда на мускулот на десната нога, која ја заработи во финалето на турнирот во Рио.
„За жал, не сум во можност да играм во Акапулко. После тестовите што ги направив ќе морам да паузирам неколку дена. Жал ми е што не можам да се натпреварувам во Мексико, но во моментов најважно ми е да закрепнам што е можно поскоро. Се надевам дека ќе се видиме наскоро“, напиша Алкараз на својот Твитер профил.