Поранешните светски тенисери број 1, Карлос Алкараз и Данил Медведев ќе се борат за своја прва титула на АТП 1000 турнирот во Индијан Велс, по убедливите победи во полуфиналните мечеви.
Алкараз може да се врати на првото место на АТП листата со победа, откако со 7:6(4)/6:3 беше подобар од италијанецот Јаник Синер за трето финале во 2023, додека Медведев сега има 19 победи во низа и бара четврта титула во низа (по трофеите во Ротердам, Доха и Дубаи), по 7:5/7:6(4) победа над американецот Френсис Тиафоу. Иако беше во контрола во поголемиот дел од мечот на Медведеев му беа потребни осум меч-топки за да го заврши мечот.
Алкараз, кој го пропушти Австралија опен поради повреда, вели дека едвај го чека мечот со русинот.
„Јас сум амбициозен човек. Сакам да играм против најдобрите на светот и би кажал дека во моментов Данил е најдобриот тенисер. Има луда серија и ќе биде вистински предизвик“, вели Алкараз.