
Македонија ќе одигра две пријателски средби, против Финска и Азербејџан. Пред првата средба за медиумите зборуваше Езџан Алиоски кој порача дека сениорскиот тим посакува позитивни резултати на овие натпревари.
„Уморни сме по сите натпревари кои ги одигравме оваа сезона. Важно е да нема повреди. Овие пријателски натпревари ќе бидат како еден вид тренинг за нас. Секако дека сакаме да победиме. Важно ни е да обезбедиме добар резултат. Треба секогаш да даваме сè од себе. Знаеме какви квалитети поседуваме. Почит за сите кои доаѓаат да играат за репрезентацијата. Тоа е фудбалот, ние сакаме да го правиме тоа и затоа сме тука“, изјави левиот бек.
Клупскиот фудбалер ќе биде ставен на пауза, поради организацијата на Мундијалот во Катар. Репрезентациите кои не учествуваат ќе играат пријателски средби во наредниот период.