Од Алијанса за Албанците реагираат за апсењата на неколку лица по повод вчерашноот протест во Тетово кој беше организиран поради трагедијата во модуларната болница, и се бараше одговорност.

„Има десетици случаи и трагедии во кои многу граѓани ги загубија  животите и беа оштетени на различни начини, како резултат на  последователните влади на ДУИ и во ниту еден од нив нема уапсени.
Имаме 14 наши сограѓани изгорени во пожарот во модуларната болница во  Тетово и сè уште нема апсења или разрешени. Во меѓувреме, кога граѓаните бараат одговорност и правда за сите овие трагедии, полицијата и власта се брзи во нивно апсење и гонење.

Алијанса за Албанците најостро го осудува апсењето и секој друг вид  притисок врз секој граѓанин и бара итно ослободување на  демонстрантите. Протестот е демократско право и е гарантиран со  Уставот, додека револтот изразен во нив е само рефлексија на  незадоволство од актуелната влада. Во протестот имаше и роднини кои ги загубија и најсаканите. Ве известуваме дека ниту опозицијата ниту граѓаните нема да ги заплашете и демотивирате од битката за правда и одговорност. Секој ваш притисок ќе ви се врати како бумеранг.“, реагираат од Алијанса за Албанците.