Австралиецот Алекс де Минаур се врати од сет негатива за 3:6/6:4/6:1 победа над aмериканецот Томи Пол, и да триумфира на Мексико Опен во Акапулко, негова седма АТП титула во кариерата.

24-годишниот Де Минаур претходно се врати од сет негатива и во полуфиналето против данецот Холгр Руне, за првпат во својата кариера да освои АТП 500 турнир.

„Чувството е фантастично. Знаев дека со напорна работа можам до резултати. Тешко е да останеш непоразен цела недела и ова ми дава голема самодоверба за турнирите во Индијан Велс и Мајами“, вели австралиецот Де Минаур.

Прикажи повеќе