Албанскиот премиер Еди Рама одби да се извини откако вчера на прес-конференција беше обвинет дека физички заплашувал новинарка. На видеото се гледа како тој турка во лице.

Зборувајќи со новинарите на прес-конференција во вторникот, Рама ја турна репортерката Амброзија Мета, која му поставуваше прашање.

Му реков: „Не ме допирај повеќе“ и тоа беше тоа“, рече таа, додавајќи дека го прашала премиерот за инвестицискиот проект во Албанија кој е поврзан со Кушнер, зетот на поранешниот претседател на САД  Доналд Трамп.

„За жал, премиерот Рама сега со физички контакт ја покажува својата вообичаена ароганција кон новинарите. Жал ми е што шефот на владата не може да се контролира кога го прашуваат за прашања од јавен интерес“, истакна Мета.

Секако, по обвинувањата, Рама се огласи на својот X профил и одби да се извини.