Првичните неофицијални резултати од денешните парламентарни избори во Албанија покажуваат дека Социјалистичката партија на Еди Рама освоила најмногу гласови. Но, засега не е јасно дали ќе може да формира влада, односно дали ќе освои мнозинство од најмалку 71 мандат во Парламентот кој брои 140 пратеници. Резултатите со кои излегуваат медиумите во Тирана се различни. Според едни, социјалистите освоиле токму 71 пратеник, но според други, повеќе мандати заедно имаат двете опозициски партии, демократите и Социјалистичкото движење за интеграција. Инаку, изборите поминаа мирно, а лидерите на сите партии повикуваа на масовно гласање.
– Advertisement –