По жалба на адвокатот на Ламбе Алабаковски, мерката притвор Судскиот совет од Битолскиот Основен суд ја преиначи во куќен притвор.

Алабаковски попладнево го напушти притворското одделение во затворот во Битола и е спроведен во неговиот дом, каде ќе ја издржува мерка.

Ова за Телма пред малку го потврди адвокатот на Ламбе Алабаковски, Дарко Стефановски.

34 годишниот поп пејач е осомничен за подметнување на пожарот во културниот центар Ванчо Михајлов во Битола, во саботата утрото кога изгоре влезната врата од објектот. Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста, а вчера во Битола се одржа протест под мотото „Слобода за Ламбе“.