Изгледа дека оваа приказна многу му се допадна на Холивуд…

Актерот Џејмс Вудс (74) е во центарот на вниманието поради веридбата со Сара Милер (32) која е цели 42 години помлада од него.

Писателката му кажа „да“ на постариот актер кој на Холивуд му е добро познат по заљубувањето во помладите девојки.

Фото: Профимедиа

Актерот среќните вести ги објави на социјалните мрежи, а Шерон Стоун му напиша: „Честитам, изгледа речиси како жена! Ма што се случува тука…“.

Џејмс ги игнорираше нејзините зборови и и напиша: „Здраво прекрасна! Ја обожавам! И таа е девојка од Пенсилванија. Израснала на работ од шумата. Твојата книга е прекрасна, ја препорачувам“.

Фото: Профимедиа

Во Холивуд се шушка дека Џејмс живее на работ на педофилијата, па за неговиот вкус на жени не се зборува јавно.

Фото: Профимедиа

Пред оваа врска, актерот беше со Кристен Баугес, а парот првпат се прошета на црвениот тепих во 2013 година. Џејмс тогаш имаше 66 години, а таа само 20. Таа година сите зборуваа за тоа дека Џејмс сака млади девојки. Меѓутоа, за работата да биде уште полоша, актерот пред Кристен излегуваше и со Ешли Медисон која тогаш имаше само 19 години. По седум години парот се раздели.