Францускиот напаѓач Усман Дембеле пред речиси еден месец го продолжи договорот со Барселона, а новиот договор е со важност до летото 2024 година. Се зборуваше дека претседателот Џоан Лапорта го убедил Французинот да остане. Дембеле прифатил да остане, но под негови услови, што само го отсликуваат хаосот во кој се наоѓа клубот.

Advertisements

Дембеле и покрај тоа што го продолжи договорот, сè уште не е регистриран за новата сезона. Исто е и со засилувањата што пристигнаа на „Камп ноу“.

Во јавноста се појавија деталите од неговиот нов договор, кои откриваат дека во сегашната ситуација и Барселона била принудена да прифати некои тешко разбирливи услови.

Во договорот стои дека Дембеле може да си замине доколку клубот заработи 50 милиони евра од неговата продажба, што е навистина малку ако се земе предвид дека пред пет години Борусија плати 125 милиони евра.

Неговата ослободителна клаузула сега изнесува 100 милиони, но таа клаузула вели дека половина од парите ќе му припаднат на играчот, а половина на клубот. Во случај да се реши да го напушти тимот по завршувањето на оваа сезона, тогаш откупната клаузула ќе изнесува 50.000.000 евра.

Значи, доколку некој ја активира таа клаузула, Барса ќе добие 50 милиони евра. Изгледа дека Лапорта се согласил не се само да го продолжи договорот.

Во новиот договор платата на Дембеле е 16 милиони евра бруто, што може да се зголеми на 20 милиони евра во зависност од настапите на играчот и резултатите на клубот.

Дембеле за Барселона одигра 102 натпревара во Ла Лига и постигна 19 гола со 27 асистенции.

Каталонците ја отвораат новата сезона со дуел со Рајо Ваљекано в сабота./Makfax