Светското Првенство во Катар дојде до самиот крај, до распределбата на медали и последните два натпревари. Во битката за светскиот трон ќе се судрат Франција и Аргентина.

Advertisements

Покрај нив, на теренот ќе се бие и битката за „Златната копачка“. Во трката водечки се Лионел Меси и Килијан Мбапе кои имаат по пет погодоци, додека ги следат Оливие Жиру и Хулијан Алварез со по еден помалку. Сите четворица имаат шанса да дојдат до престижното признание, меѓутоа веројатно сите повеќе размислуваат за трофејот.

Интересна ќе биде битката за најдобар стрелец, меѓутоа бидејќи сите се тука некаде, се наметна прашањето какви се правилата ако двајца се изедначени. Имено, ако двајца играчи имаат ист број погодоци, тогаш како следен критериум се гледаат асистенциите. Ако пак одново се изедначени, трет сегмент кој се гледа се одиграните минути. Така, ако двајца се израмнето со голови и асистенции, „Златна копачка“ ќе добие оној што одиграл помалку минути./Gol.mk/

Прикажи повеќе