Будењето со трнење во рацете или прстите може да биде еден од првите знаци на синдромот на карпален тунел, состојбата што настанува кога ќе се стегне еден од најважните нерви блиску до вашиот зглоб.
После тресење или движење на раката, трпнењето најчесто исчезнува, вели неврологот Гереон Нел. Додека е во рана фаза, синдромот на карпален канал може да се лекува без хируршка процедура, па затоа е најдобро да се посети лекар колку што е можно поскоро.
Докторот може да ви препорача користење на подлактица, со која ќе се спречи свиткувањето на рачниот зглоб. Доколку нервот е стегнат подолго време време, трнењето и болката може да се прошират од прстите до рамената.
Во најлошото можно сценарио, кога прстите се здрвени подолго време, операцијата најверојатно е неопходна.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.