Ослободувањето од лошите навики е индивидуална работа и од секој човек зависи колку брзо ќе усвои нови принципи на однесување, без разлика за која сфера од животот станува збор.
Без разлика дали се работи за исфрлање на слатките или брзата храна од вашата исхрана, намалувањето на времето што го поминувате на телефон или откажувањето од цигарите, важно е да пристапите на сè темелно со цел да создадете долгорочно ослободување од лошите навики.
„Секоја голема одлука од ваков вид се случува само кога личноста е навистина подготвена за промени. Ригорозните мерки нема да ги натераат луѓето да ги променат своите чести навики. Тоа е многупати потврдено во пракса“, изјави познатиот француски онколог, д-р Дејвид Кајат, професор на Универзитетот „Пјер и Марија Кири“.
Како што објасни Кајат, во ситуации кога ригорозните мерки не даваат резултати, се користи концептот на намалување на штетите, кој сè повеќе се препознава како адекватно решение. Тој го објасни концептот користејќи го примерот на откажување од пушење.
Напредокот на технологијата и науката доведоа до решение во форма на производи од тутун што не горат.
„Проблемот со тутунските производи се хемиските супстанци кои се наоѓаат во чадот што се ослободува со согорувањето на тутунот, додека технологијата на загревање на тутунот претставува помалку штетна алтернатива бидејќи не испушта чад од тутун“, го објасни концептот Кајат на експертската комисија која се занимаваше со оваа тема.
Уште причини зошто согорувањето треба да се елиминира
Чадот од тутун е многу повеќе од чад што го гледаме со голо око. Имено, кога ќе се запали цигара, тутунот почнува да гори и се создава чад од тутун преку кој пушачите внесуваат не само никотин, туку и повеќе од шест илјади супстанции, од кои околу 100 се познати како штетни или потенцијално штетни, вклучувајќи го и јаглерод моноксидот.
Научниците успеаја да го отстранат овој клучен проблем создаден од чадот од тутунот создавајќи нова технологија за консумирање тутун, а најпознатиот таков систем во светот е IQOS кој го загрева тутунот наместо да го согорува.
IQOS не создава чад кога се користи, па затоа произведува до 95 проценти помалку штетни состојки во споредба со цигарите. Исто така, важна разлика е што цигарите создаваат катран кој се создава како производ на согорување. Тоа не се случува кај IQOS, бидејќи овој систем не го загрева тутунот, а со тоа и не произведува катран. Кога се пристапува кон овој тип на концепт за намалување на штети, важно е да се истакне дека таквите производи не се без ризик и дека при нивното користење се ослободува никотин, кој предизвикува зависност и дека се наменети само за возрасни.