Ерлинг Халанд беше стрелец на пет гола против Лајпциг во триумфот на Манчестер Сити од 7-0, а менаџерот Пеп Гвардиола доби многу критики затоа што го повлече од игра по еден час игра.
Така, Халанд не успеа да го надмине рекордот на Лионел Меси и на Луиз Адријано, кои исто така имаат постигнато по пет голови на меч од ЛШ. Гвардиола имаше интересен одговор.
„Ако Халанд ги урне сите рекорди на 22 години, потоа ќе му биде здодевно“.
Халанд стана и најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити според бројот на постигнати голови во една сезона. Тој го надмина рекордот на Томи Џонсон од 1929 година, кога постигна 38 гола.