Академија Пандев под водство на тренерот Александар Васовски продолжува да го гради тимот за новата сезона.

„Бразилскиот троец: Нунес Сантос Каио Лукас, Силва Сена Дос Сандос Каио и Лемос Да Силва Матеус, се најновите засилувања во нашиот тим. Тие денес се обврзаа на две годишен договор со ФК Академија Пандев. Среќно момчиња“, објави Академија Пандев на својот официјален профил на фејсбук.

Бразилците постигнаа согласност да играат за „пандевци“ во наредните две сезони.

Александар Васоски ќе ја предводи екипата на подготовките кои ќе се одржуваат во Банско. Таму Академија Пандев ќе одигра неколку пријателски средби, пред почетокот на новата сезона.