Напаѓачот на премиерлигашот Манчестер сити, Серхио Агуеро, соопшти денеска дека се заразил со коронавирус.

Агуеро се наоѓа во самоизолација од 10 јануари по контакт со лице заразено со Ковид-19 и кога се очекуваше да го напушти карантинот, Аргентинецот објави дека е позитивни на коронавирус.

– Откако имав близок контакт се самоизолирав и најновиот тест што го направив е позитивен на Ковид-19. Имав одредени симптоми и ги следам препораките од лекарите за мое оздравување. Чувајте се, сите, објави Агуеро на својот твитер профил.