Промоција на Општина Македонска Каменица на комуникациските канали на Агенцијата за иселеништво е главната тема на разговор помеѓу градоначалникот Димчо Атанасовски и директорот на Агенцијата за иселеници, Слободан Близнаковски кој денес беше во работна посета на Македонска Каменица. Како што информираше Атанасовски разговарано е на повеќе теми меѓу кои и неодамнешната успешна организација на Ден на дијаспората кој се одржа во каменичкото село Цера.

-Секогаш е задоволство кога се разговара на теми од заеднички интерес, а тоа се нашите иселеници, заминати во најразлични делови од светот. Притоа, остваривме работна средба со Директорот на Агенцијата за иселеници, Слободан Близнаковски, на којашто беше разговарано за повеќе реализирани активности, со посебно внимание кон успешно организираната иселеничка средба во Цера, традиционален настан којшто се одржува на крајот на месец август, рече Атанасовски.

Најави продлабочување на добрата соработка со Агенцијата за иселеништво.

-Договорени се и идни чекори и продлабочување на заемната соработка, особено за промоција на нашата општина на комуникациските канали на Агенцијата, додаде Атанасовски.

При денешната посета на Македонска Каменица Близнаковски уште еднаш го потенцираше фактот дека иселениците се значаен фактор за придвижување на локалната економија, особено поради фактот што најголем дел од средствата кои ги заработуваат, преку нивните семејства кои останале живеат во Македонија, се враќаат назад во родната грутка.