Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, го повика Специјалното државно обвинителство (СДТ) да ги истражи наводите објавени од порталот „М“, според кој од членови на еден од најозлогласените криминални кланови на Балканот бара да му набават четири шифрирани телефони.

Advertisements

„Го повикувам СДТ да ги истражи сите небулозни обвинувања поврзани со моето име, објавени од квазипортал, кој има задача да ја спроведе највалканата кампања против мене во наредниот период, слична на онаа во август 2020 година. Верувам дека на сите им е јасно од каде доаѓа ова и дека кругот се стега околу криминалните структури блиски до одредени политички групи во рамките на ДПС, чија цел е да ја дестабилизираат Црна Гора за да ја зачуваат нивната финансиска моќ, но уште поважно за нив – да се избегне правдата“ рече Абазовиќ за „Телеграм“.

Тој рече дека им стои на располагање на државните органи за секакви појаснувања.

„Истовремено, ги повикувам да побрзаат оние што имаа намера да ми ја скинат главата. Дури и да успеат во својата криминална намера, нема да ја сопрат раката на правдата. Сè е уредно сочувано и складирано онаму каде што треба. Се радуваме на сè што следува“, изјави Абазовиќ./Makfax

Прикажи повеќе