Предизвиците пред нашите земји не се едноставни и не се лесни, но ние мораме да создаваме нова вредност, рече во своето денешно обраќање црногорскиот вицепремиер, Дритан Абазовиќ кој престојува во посета на Македонија. Како што кажа тој, на заедничката прес конференција со неговиот македонски колега, вицепремиерот задолжен за економски прашање, Фатмир Битиќи, Балканот и земјите од Западниот Балкан мора да направат исчекор и да манифестираат промени.

„Мораме да се смениме себеси за навистина да направиме нешто подобро за нашите деца. Мораме да се однесуваме поинаку и мораме да ги прифатиме правилата кои важат во демократскиот свет. Тоа не е интерес на ЕУ, тоа е интерес на нашите земји. Нашата рака е подадена кон сите земји од Западен Балкан.“, рече Абазовиќ.

– Advertisement –

Прикажи повеќе