Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот бербер од Велес, Панче Жежовски е уапсен на аеродром во Турција по меѓународната потерница која ја објави македонското МВР, дознава А1он.

А1он уште пред три часа праша во Министерството за внатрешни работи, но од таму негираа дека Палевски е уапсен. Два часа подоцна, министерот Оливер Спасовски закажа прес конференција за во 22:30 часот.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави прес конференција во 22.30

Порталот Скопје 1 кратко претходно објави дека Љупчо Палевски – Палчо е приведен..