Кен Фланеган од Северна Ирска минатата недела најпрвин ја убил својата мајка Карен (50, лево на сликата), а потоа и девојката Стејси Кнел (30, десно на сликата). На крајот тој си пресудил и самиот на себеси.

Полицијата на лице место затекнала морбидна глетка полна со локви крв, а откако започнала истрагата, се открила и морбидната приказна која стои зад грозоморните убиства.

Додека на семејството и пријателите не им било јасно зошто работливиот, мирен и многу паметен Кен се одлучил на овој монструозен чин, некои луѓе од комшилукот знаеле малку повеќе од очекуваното.

Кен Фланеган наводно ден пред убиството и самоубиството ја затекнал својата мајка со убавата Стејси, а тоа целосно го вознемирило. Тој посакувал да ја запроси Стејси, но не можел да го поднесе фактот дека неговата мајка спиела со неа и дека тие две всушност се бисексуалки.

Фото: Фејсбук

Ситуацијата кулминирала кога тој не можел да се помири и решил сам да го реши проблемот. Тој дошол во куќата со кујнски нож и ја убил својата мајка со два убода во телото. Таа започнала да вреска, а тоа допрело до комшиите.

„Умирам, умирам, ме уби мојот син. А потоа настапи грозна тишина“, изјави Морти МекМилен, еден од најблиските комшии на ова семејство.

Потоа Кен се упатил во домот на Стејси и ја убил и неа, а потоа извршил самоубиство.

Додека полицијата се обидува да формира заклучок за трагедијата, од комшилукот на ова семејство излегле нови информации. Една од нив, за која постоеле и докази, е дека неговата мајка Карен минатата година влегла во некоја секта во која ја внела и Стејси, а Кен не знаел за тоа.

„Секаде одеа заедно додека Кен работеше. Неколку пати му посочив дека меѓу тие две жени нешто се случува, но тој ми се смееше во лицето и ми велеше дека гледам премногу филмови. Неколку дена пред овој настан, видов како тие две се прегрнуваат на прагот од домот, но и како Стејси ја допре неговата мајка за задникот. Многу ми е жал за момчето“, изјавил еден од најблиските комшии за медиумите од Белфаст, со желба да остане анонимен.