Американското Министерство за одбрана ќе и даде на Украина оружје во вредност од 300 милиони долари, соопшти Пентагон.
Новиот одбранбен пакет во себе ќе вклучува дронови, ракетни системи, оклопни возила, муниција, безбедни комуникациски системи, митралези, медицински материјали и слично.
Новата пратка на оружје, како што соопштува Пентагон, нема да дојде наскоро бидејќи најавата не се однесува на оружје и системи кои американските власти веќе ги поседуваат, туку на нарачка од производителот.
„Оваа најава претставува почеток на процесот на склучување договори за да се овозможат нови способности за украинските вооружени сили“, соопшти Пентагон.