Руската и украинската делегација и Ердоган пристигнаа на разговор во палатата Долмабахче во Истанбул.
Снајперисти дежураат во Истанбул, на покривите на куќите околу палатата Долмабахче, каде денеска ќе се водат руско-украински преговори.
Засилени се мерките за безбедност поради големиот број новинари кои ги зазедоа своите позиции во очекување на пристигнувањето на делегациите на Руската Федерација и Украина и Ердоган во палатата Долмабахче на преговори.
Претходно претседателот на Турција напомена дека прво ќе се сретне со двете делегации, па дури потоа Русија и Украина ќе имаат можност да разговараат.
Тој утрово им се обрати на делегациите, повика на прекин на огнот и вети дека ќе направи се за да се поедностави преговарачкиот процес.
По неговото обраќање, Ердоган ја напушти палатата во која ќе се водат разговорите меѓу двете делегации./Makfax