„Претседателот на Алијансата за Албанците Зиjадин Села изјави дека Албанците во с.Македонија сочинуваат околу 34 отсто од населението, а Македонците околу 59 отсто, според податоците со кои располага неговата партија. Тој ги коментираше бројките, според кои Албанците во Македонија се околу 24 проценти.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“. Инаку, Села не појасни од кои извори произлегуваат „податоците со кои располага неговата партија“.
„Лајм“ ја цитира изјавата на Зијадин Села: „Никој нема право да попишува лица, кои не се попишани и како резултат на вкрстена проверка на податоци некој да изнесува бројка, со цел да се намали бројот на Албанците и да се зголеми бројот на другите етнички заедници. Ова се нарекува манипулација. Не смееме да дозволиме да се случи такво нешто.“
„Многу вознемирувачки беше моментот кога сопре полетот со попишувањето. Добро е да потсетиме дека овој полет го направи договорот меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, кој доби поддршка и од Али Ахмети. А Ахмети заедно со Апасиев гласаа да се одложи пописот во еден друг рок. Ова го запре полетот во попишувањето. Но, во секој случај секако ќе се докаже она што ние, како Алијанса на Албанците го тврдевме: Албанците сочинуваат повеќе од една третина на вкупното население, најмалку повеќе од една третина.“
„Факт е дека законот има многу пропусти. Факт е дека тој закон му овозможува на Заводот за статистика да објавува резултати како да е пописот од интерес за Владата, а не оти е од интерес за државата. Во врска со резултатите од овој попис треба да се оформи една комисија сочинета од сите политички актери во државата. Меѓутоа, ќе ги сочекаме официјалните резултати. Нашите податоци говорат дека Албанци има некаде околу 34 проценти, Македонците ги има 59 отсто, или така нешто, а потоа следат бројките на другите етнички заедници.“ – рече лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села.