Десетгодишната Ангела Арсова се родила како здраво девојче со нормален вид. Но, во последните неколку месеци почнува нагло да го губи видот. Според мајката на Ангела ваквата состојба прогресила во последните два месеци, каде девојчето го изгубило видот и има остаток од само 10% видливост.

Од Државната болница во Скопје ги испратиле на лекување во очна болница во Германија. Сумата која им ја побарале за тамошното постапување и дијагностика е 13.200 евра.

Семјеството замолува до сите хумани и добри луѓе кои можат да донираат за видот на нивната ќерка да се подобри или барем зачува во состојбата во која се наоѓа.

Телефонски број за донации:

А1-оператор 143 – 476

Телеком-оператор 143 – 155

Трансакциска сметка од Стопанска Банка:

200-0039207109-89

Корисник: Милица Панова Арсова – мајка на Ангела

Број за странски донации:

IBAN BR MKD 07210501642478642

Адреса: „Мајка Тереза“ бр. 1000 Скопје

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.