Генералното собрание на Обединетите нации денеска со големо мнозинство усвои резолуција со која се бара пристап до помош и заштита на цивилите во Украина и ја критикуваше Русија за создавање „тешка“ хуманитарна ситуација.

Резолуцијата, подготвена од Украина и нејзините сојузници, доби 140 гласа „за“ и пет „против“ – Русија, Сирија, Северна Кореја, Еритреја и Белорусија.

Како што се наведува, 38 земји беа воздржани од гласањето.