Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека неговата земја ќе испрати уште 6.000 проектили и околу 33 милиони долари финансиска помош за војската на Украина, која се бори против бруталната инвазија на руските сили.
„Обединетото Кралство ќе работи со нашите сојузници за да ја засили воената и економската поддршка за Украина, зајакнувајќи ја нивната одбрана додека тие го свртуваат бранот во оваа борба“, рече тој во пресрет на самитот на НАТО и Г7 во Брисел, наведувајќи: „Не можеме и нема да стоиме настрана додека Русија ги меле градовите и селата во Украина“.
Според неговата канцеларија, Џонсон ќе ги притисне западните сојузници на самитите во Брисел да ги забрзаат нивните одговори на акциите на Москва. Тој ќе повика на испорака на „засилена одбранбена поддршка за Украина и удвојување на економските санкции“.