Шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајцингер, денес изјави дека Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност, откако владата во Виена усвои нацрт-закон за заострување на прописите поврзани со шпионажата.

Иако новиот закон се однесува на шпионажата воопшто, тој е дел од поширока промена во политиката на Министерството за надворешни работи кон Русија, според интерен документ до кој имал пристап порталот „Политико“.

„Австриската попустливост кон шпионите сега дефинитивно е минато. Виена останува место за дијалог, но повеќе нема да биде центар за шпионажа“, додаде Мајнл-Рајцингер, признавајќи дека Виена долго време била позната како жариште на шпионажа.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.