Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден јасно ќе му стави до знаење на својот кинески колега Кси Џинпинг дека Пекинг ќе ги сноси последиците за секоја акција што, како што рече, ја поддржува руската агресија.

Advertisements

Блинкен на новинарите во Вашингтон им рече дека е загрижен што Кина ја разгледува можноста директно да и помогне на Русија со воена опрема, пренесува Ројтерс.

Бајден и Кси утре ќе имаат телефонски разговор, најавија светските медиуми.

Прикажи повеќе