Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска смета дека секогаш треба да има домаќинско трошоње во јавниот сектор.
-Како што викаат старите, кога ќе имаш тргни за кога ќе немаш. Да не биде само поради кризата. Досега се работело недомаќински. Ако сакате некој да видите каков тип на човек е, ќе видите како се однесувал кон нешто за што не треба да плати од свој џеб. Јас не сум да се ограничува тоа што треба, меѓутоа може да се редуцира многу од тоа што не треба. Толку многу скапи возила не требаат. И за начинот на набавка треба да се размисли, да се направи структура. Јас кога бев во Англија, во нивниот Државен завод за ревизија има 840 вработени и само главниот ревизор има службено возило, сите останати си доаѓаат на работа со јавен превоз, вели Ивановска во емисијата „Топ тема“.
Според неа, ДКСК нема службени возила, ниту картички, ниту репрезентации.
-Кога ние можеме да функционираме, зошто не и другите. Подмируваме само трошоци за колегите од друг град, тројца на број, во висина на автобуска карта и тоа е. Ние можеме да работиме, рече Ивановска