Украинските војници истрелаа пет гранати од 122 милиметри врз рударската населба Трудовска во Доњецк во 8:40 часот по московско време (6:40 часот по средноевропско време), соопшти претставништвото на Народната република Доњецк во Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот.

Според центарот, украинските војници истрелале 25 гранати од 122 милиметри кон населбите Јасиновата и Минерално, како и 10 гранати од 122 милиметри кон Пантелејмоновка. Сите населени места се наоѓаат во Народна Република Доњецк.