Најмалку 35 загинати и стотици повредени е билансот од нападот на руската армија врз воената база Јаворив во Лавов, Украина, на 20 километри од полската граница, земја членка на НАТО.
Инаку, оваа база беше точка за снабдување на украинската воена артилерија од земјите на ЕУ и САД. Нападот доаѓа еден ден откако Кремљ официјално објави дека снабдувањето со оружје на украинската армија ја легитимира борбата против државата помагач. Гувернерот на областа Лавов изјави дека доколку НАТО би дејствувала со затворање на небото, таков напад ќе беше невозможен од руските сили.
„Според првичните податоци, лансирани се повеќе од 30 проектили. Системот за противвоздушна одбрана функционираше. Ова е причината зошто ние продолжуваме да бараме од НАТО да го затвори небото, бидејќи за да се бориме со непријателот кој дури и не влегува во Украина, туку лансира пловечка ракета, неопходно е да се има сериозна противвоздушна одбрана, рече Максим Козицки, гувернер на регионот Лавов
Претставници на НАТО изјавија дека немало персонал на Северноатлантската алијанса во нападната база. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека употребата на оружје за масовно уништување од страна на Путин може да ја промени играта. Тој ја обвини Руската Федерација дека се обидува да создаде псевдо-републики на украинска територија преку окупација.
„Окупаторите на територијата на Херсон се обидуваат да ги повторат лошите искуства со формирање на псевдо-републики. Ги уценуваат локалните лидери, вршат притисок врз пратениците и се обидуваат да регрутираат. Се обидуваат да ја формираат Народна Република на Херсон, иста како онаа на Доњецк и Луганск преку организирање антивладини структури во нашата земја“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина
Зеленски го откри билансот на руски загуби за 18 дена окупација. Според него, над 13 илјади руски војници се убиени или двојно повеќе загинати во војната меѓу Русија и Чеченија.
Во Киев, украинските воени сили соборија руски дрон од кој велат дека ќе добијат информации за неговата мисија над главниот град. Во раните утрински часови избувнаа жестоки борби меѓу украинската армија и руските сили во Мариупол, град кој е вратен под контрола на украинската држава, но кој се уште не добил хуманитарна помош. Во меѓувреме, во Миколаев, се наведува дека 9 лица загинале како резултат на руските воздушни напади. Градот Чернихив трета ноќ по ред е цел на руски воздушни напади. Спасувачките тимови се борат да ги евакуираат цивилите заглавени во целосно уништените згради.
Меѓународните медиуми објавија дека поранешен новинар на Њујорк Тајмс бил убиен во Киев, додека претходно бил тешко повреден дописникот на Радио Слободна Европа, кој одблиску ги снимал борбите меѓу руско-украинските сили. /Алсат.мк
Адријан Керими