Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска даде свој коментар и за војната во Украина.

Тој вели дека сите се заинтересирани за да се најде побрзо решение и да се затвори овој случај, кој е болен за Украина.

„Да се најде решение за да се стигне до прекин на огнот и да се отвори патот за дијалог и да се воспостави мир. Да се остават во слобода Украинците да одлучуваат за своите судбини. Претседателот Путин и Русија треба да чувствуваат одговорност како една голема моќна држава направиле инвазија на еден народ, ја нарушуваат волјата на еден народ и ова е срамота, вели Ахмети.

Тој додава дека колку побрзо се повлечат, толку подобро ќе биде и за Русија и за Европа.

Ако имате проблеми со опаѓање на косата, направете го ова веднаш!

„Мислам дека рускиот народ има колективна одговорност да не дозволи оваа безмилосна војна што се случува  во Украина и да се стави крај на оваа инвазија што е можно поскоро“, додава Ахмети.