По Втората светска војна, бегалската криза во Украина е најбрзо растечка. За само 10 дена бројот на бегалци надмина 1,5 милиони, вели шефот на ОН за бегалци Филипо Гранди. Прогнозите се дека во следните денови се очекува дополнителен наплив на границите бидејќи илјадници бегалци се тргнати на пат.
„Го надминавме бројот од 1,5 милиони бегалци од Украина кои ги поминаа границите. Секако најголемото движење е во Полска каде има речиси еден милиони бегалци, но тука се и Словачка, Унгарија, Романија, Молдавија. Прогнозите се дека илјадници бегалци и натаму се во движење и се очекува следните денови да има уште поголем број на бегалци на границите. Ваква ситуација Европа не памети од Втората светска војна бидејќи за само 10 дена има над 1,5 милиони бегалци“, изјави Филипо Гранди-Шеф на ОН за бегалци.
Според Гранди, доколку во следниот период бројот на бегалци расте, земјите кои ги примаат ќе се соочат со огромен притисок, па затоа е потребно да добијат меѓународна помош. Според последните податоци, освен еден милион бегалци во Полска, во Молдавија и Романија се пристигнати заедно над 200 илјади, а потоа следуваат Чешка, Унгарија и Словачка.
Андреа Чобанова