Оваа помош за украинските деца ја донираа родители на кои им починале двете деца. Трогателната донација ја добија волонтерите на пунктовите за собирање хуманитарна помош во Скопје. Од целата земја се собира храна, хигиенски пакети лекови и облека. Овој пункт е отворен на улицата „Шарпланинска 4“ во Ѓорче Петров.
Според Здружението на Украинците во Македонија, досега се пуштени три камиона со помош од Македонија.
Украинската студентка Дарија Тритинова, која во последните три години студира во Скопје, се вклучи во акцијата за помош на сонародниците во војна. Таа рече дека помошта доаѓа од цела земја.
Истовремено, може да се донира и преку банка. Црвениот крст до 15 март отвори телефонска линија со бр. „143-400“ каде за секое јавување се донираат по 100 денари.
Аднан Ќаили