Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.730 тестови, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 74 реинфекции.  Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати пациенти, а согласно регистарот на починати лица со дијагноза Ковид 19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три смртни случаи. Од вкупниот број на починати лица, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети. Регистриран сe 447 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 3.252.