Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 2.781 тестови, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-1. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 68 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 смртни случаи. Во изминатото деноноќие регистрирани се 524 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 3.431.