Министерката за одбрана Славјанка Петревска денеска во изјава за медиумите истакна дека донацијата за Украина вклучува воена опрема и вооружување, чие побарување било од украинските власти.

Според неа, со ваквата донација, никако не се намалува капацитетот на нашата армија.

„Со ваквата донација не се намалува капацитетот на нашата армија“, порача Петровска.

Воедно министерката за одбрана Славјанка Петровска остро демантираше дека нејзината вчерашна изјава, за испраќање воена помош во соработка со НАТО за Украина значи испраќање и на македонски војници во оваа земја.

-Најостро ги демантирам насловите на дел од порталите кои објавуваат невистини поврзани со моето излагање на 24 вести. Јас одговорив на прашањето дали Северна Македонија ќе испрати војници во рамките на НАТО плановите за одбрана и одвраќање. Одговорот беше во насока на тоа дека ако биде побарано од нас, ќе испратиме воени сили во земјите членки на НАТО на источната граница на Алијансата. Но таква одлука не е донесена. Упатувам апел во оваа ситуација на воен конфликт во Украина изјавите поврзани со состојбата во Украина да се пренесуваат со точност, со цел да не се предизвика дополнително вознемирување на јавноста, порача министерката.