Aмериканската приватна компанија Maxar Technologies Inc соопшти дека сателитски снимки направени денеска покажуваат дека руските копнени сили продолжуваат да се приближуваат до главниот град на Украина Киев со воен конвој долг 27 километри.

Од компанијата додаваат дека во конвојот се стотици оклопни возила, тенкови, артилерија и возила за логистичка поддршка. Тој продолжил да се движи кон југ кон Киев.